Samsung C61R2AAST Manual de usuario Pagina 89

  • Descarga
  • Añadir a mis manuales
  • Imprimir
  • Pagina
    / 352
  • Tabla de contenidos
  • MARCADORES
  • Valorado. / 5. Basado en revisión del cliente
Vista de pagina 88
MK
Чистење и одржување (продолжение)
Проблематични нечистотии
1. Отстранете ги веднаш прегорениот шеќер, стопената пластика, алуминиумската фолија
и останатите материјали со гребалката за стакло додека сè уште се топли.
Важно: Постои можност да се изгорите при ракување со гребалката за стакло
додека површината за готвење е загреана:
2. Кога ќе се излади плотната, исчистете ја на вообичаениот начин.
Ако на површината за готвење се дозволи да се
излади нешто што претходно се растопило, при
чистењето повторно загрејте ја површината.
Гребаниците и темните дамки на керамичко-
стаклената површина предизвикани, на
пример, од тава со остри рабови, не можат
да се отстранат. Сепак, тие не ја намалуваат
функционалноста на плочата.
Рамка на плотната
Важно: Не употребувајте оцет, сок од лимон или средство за отстранување на
бигор на рамката на плотната; можат да се појават темни дамки.
1. Избришете ја рамката со влажна крпа.
2. Исушените дамки навлажнете ги со водена крпа. Исчистете и пребришете со сува крпа.
За да не го оштетите уредот
• Не употребувајте ја површината за готвење како работна површина или како површина
за оставање предмети.
• Не вклучувајте ја површината за готвење доколку на неа нема сад или пак садот е
празен.
• Керамичкото стакло е многу цврсто и отпорно на температурни промени, но сепак може
да се скрши. Тоа може да се оштети доколку на него падне остар или тежок предмет.
• Не употребувајте садови од лиено железо или садови кои имаат оштетена основа
и нерамнини. Плочата може да се изгребе доколку ваквите садови се повлечат по
нејзината површина.
• Не ставајте садови на рамката. Рамката може да се изгребе или оштети.
• Избегнувајте преливање со киселини, како на пример, оцет, сок од лимон и средства за
отстранување на бигор на рамката на плотната, за да не дојде до создавање на темни
дамки.
• Ако шеќер или храна која содржи шеќер дојде во контакт со загреаната површина за
готвење и се истопи, исчистете веднаш со гребалката додека нечистотијата е сè уште
топла. Ако се дозволи нечистотијата да се излади, таа при отсранувањето може да ја
оштети плочата.
• Материјалите кои може да се стопат, како на пример, пластиката, алуминиумските
фолии и фолиите за рерна, држете ги подалеку од керамичко-стаклената површина. Ако
некој од овие материјали се стопи на површината за готвење, веднаш отстранете го со
помош на гребалката.
25
C61R2AEEP_BOL_DG68-00125D-04_MK_161107.indd 25 2016-11-07 �� 11:13:29
Vista de pagina 88
1 2 ... 84 85 86 87 88 89 90 91 92 93 94 ... 351 352

Comentarios a estos manuales

Sin comentarios